Категории

Меси утре се жени: Базени, казина, луксузни апартмани-Ова е хотелот каде двојката ќе се венча (ФОТО)

Спортската јавност со нетрпение ја очекува свадбата на деценијата во светот на фудбалот која ќе се случи утре во родниот град на Лионел Меси Росарио.

Фудбалерот и долгогодишната вереница Антонела Ракузо веќе имаат две деца, Тиаго и Матео, а нивната врска ќе ја зацврстат утре пред многуте пријатели и роднини.

Церемонијата ќе се одржи во еден од комплексот хотели во градот кој поседува сопствено казино, куглана, тениски игралишта, базени, како и голем број на барови и ресторани.

Шпанските медиуми иако велат дека листата на гости е долга, тие се фокусираат само на клупските колеги на Меси кои се поканети на свадбата, а тие пишуваат и дека меѓу првите кои веќе се пристигнати се Нејмар и Суарез.

Хотелот ќе го обезбедуваат 200 полицајци, а Меси кој заработува 360 илјади фунти неделно во Барселона ги повика гостите да не купуваат скапи подароци и наместо тоа тој и неговата идна сопруга побараа донации за неговата лична фондација „Лионел Меси“ која се фокусира на децата низ целиот свет.

Прегледи:
369
Објавено на:
29.06.2017