На местото каде што се сретнуваат Тихи и Атлантски океан, кај ‘ртот Хорн, направено е импресивно видео од еден туристички брод, на кое е јасно видлива границата меѓу двата океани, како на географската карта, оставајќи чувство дека водите не можат да се измешаат.
Атрактивното видео е направено некаде кај најјужниот врв на Јужна Америка и објавено е на Јутјуб.
Меѓутоа, границата помеѓу двата океани е само некое време јасно видлива, затоа што сепак водите на океанот се мешаат, само што тој процес трае малку подолго од она што ние би го очекувале, објаснуваат експерти.
Имено, за нивните води да се измешаат едвај неколку сантиметри, потребни се неколку дена, затоа што и за вака големи водени површини, важат истите механизми на мешање како и на другите течности, дифузија на две течности и физичка агитација.
Исто така, густината на океанот може да влијае на стварањето на вакви видливи „граници“,
https://www.youtube.com/watch?v=SWRqfWo4hZ8