Категории

Метеоропатија: Како времето влијае на нашето расположение и здравје?

Има сè повеќе луѓе кои поради временските услови имаат проблеми со концентрацијата, нервозни се или имаат некои сериозни здравствени проблеми. Познато е дека се чувствуваме подобро кога времето е ведро и сончево, но ненадејните промени во температурата и временските услови сигурно ќе остават белег на метеоропатите.

Експертите велат дека метеоропатијата е сè почеста појава со која се среќаваме поради дупките во озонот, кои направија промените на времето бидат нагли и интензивни, како и поради модерниот бурен начин на живот. Истражувањата покажаа дека околу 20 проценти од луѓето денес имаат проблеми со здравјето, однесувањето и расположението поради промена на временските услови и дека на метеоропатија најмногу се склони луѓе кои се многу анкциозни, емотивни и склони кон депресија. Обично, симптомите се појавуваат кога има ненадејни промени во температурата, ненадеен пад на атмосферскиот притисок или наглото зголемување на влажноста.

 

Покрај тоа, и ветерот може да има влијание врз здравјето, да влијае на расположението, предизвикувајќи главоболки, депресија и несоница кај дури третина од луѓето. Топлите ветрови имаат особено негативно влијание врз менталното здравје.

 

Доаѓањето на невреме може да предизвика главоболки, мигрена и промени во расположението, а најсилно се чувствува еден час пред невремето. Потоа, дождот и грмежите обично доведуваат до олеснување бидејќи го зголемуваат атмосферскиот притисок.

 

Се докажа дека сончевото време го подобрува расположението. Кога небото е сино, самодовербата и самопочитта на луѓето се на многу повисоко ниво, како и дека тогаш се многу  похрабри, подружељубиви и поавантуристички. Од друга страна, жештините имаат сосема спротивен ефект.

Прегледи:
697
Објавено на:
23.10.2019