Категории

Министерството за здравство обезбедува телефонска психолошка поддршка за оние граѓани и ранливи групи на пациенти

Обезбедена е телефонска психолошка поддршка за оние граѓани и ранливи групи на пациенти кои овој вид на поддршка им е потребен:

  • Психолошка поддршка на родители на деца на предучилишна и училишна возраст  072/912-676
  • Психолошка поддршка на возрасни лица во самоизолација  072/919-009
  • Психолошка поддршка на граѓаните на општина Дебар и општина Центар Жупа, во соработка со Општа Болница Дебар  070/241-807
  • Психолошка поддршка на хоспитализирани пациенти поради COVID-19
  • Пациентите закажани во Мој Термин за психолошко советување и психотерапија во закажаниот термин ќе бидат контактирани од страна на психолог и ќе се спроведуваат телефонски, со можност за видео врска на некоја од интернет мрежите (по договор).