Во истражувањето кое го спровеле научниците од Технолошкиот институт Stivens во Њу Џерси, испитаниците кои седеле во просторија која мириса на кафе постигнале подобри резултати при решавањето на тестовите затоа што мозокот им реагирал како да конзумирале кофеин.
За кафето веќе поодамна се зборува дека го намалува ризикот од срцеви болести, влијае на метаболизмот и од него имаме низа други здравствени бенефити. Најновото истражување го спровеле врз студенти кои решавале тест од алгебра. Групата на студенти која го решавала тестот во просторијата која мириса на кафе имала подобри резултати во однос на другата група која немала стимулативен мирис. Не е јасно дали мирисот на кафе има ист хемиски ефект на мозокот како кога луѓето го пијат. Студијата сугерира дека овде се работи за плацебо ефект.
Мозокот на луѓето препознавајќи го мирисот на кафето реагира на сличен начин како кога се пие кафето. Кофеинот е стимуланс, што значи дека го активира мозокот и централниот нервен систем, го намалува заморот и ги прави луѓето будни и пофокусирани. Неодамнешните истражувања покажаа дека кафето го намалува ризикот од депресија,делува поволно на долготрајната меморија и штити од Алцхајмерова болест и деменција. Сетилото за мирис е едно од нашите најсилни сетила- тврди авторката на студијата, професорка Андријана Маџаров.