Категории

Мислевте дека сокот од брусница помага при уринарни инфекции? Оваа е правата вистина!

Сокот од брусница многу жени го користат кога имаат проблем со уринарните инфекции, а всушност не помага толку колку што мислиме, тврди новото истражување.

Според студијата спроведена на Националниот институт за здравје и грижа во Велика Британија „нема докази“ дека брусницата помага при лекување на уринарниот тракт, иако кога ќе се спомнат инфекциите, брусницата отсекогаш ја сметаме за еден од природните лекови.

Исто така, докторите апелираат луѓето да не се лекуваат сами, особено ако чувствуваат болки бидеји при таквите воспаленија антибиотиците се неопходни.

„Најголемиот дел од уринарните инфекции се лекуваат со антибиотици, но мораме да бидеме паметни и за начинот на кој ги користиме“, вели Марк Баркер кој ќе ги искористи резултатите од стидијата и ќе ги внесе во новото издание на Здравствениот водич.

Прегледи:
633
Објавено на:
11.05.2018