Категории

Мисли кои поминуваат низ машката глава кога ќе ја видат жената гола

Голото женско тело има хипнотизирачка моќ над мажите. Кога жената ќе се соблече пред нив, забораваат на се останато и сакаат само да му се препуштат на сопственото уживање, но и на уживањето на партнерката. А што поминува низ машката глава кога ќе ја видат жената гола?

Многу жени мислат дека нивните партнери само размислуваат за несовршеностите кога ќе го видат нивното голо тело, но припадниците на посилниот пол не ни го гледаат она кое жените најчесто го перцепираат како маана.
Еве што се врти во машката глава кога ќе ја видат својата партнерка гола..

1.„Остани кул“
Кога жената ќе се соблече пред мажот, без оглед на тоа колку пати ја видел таа глеетка, се во неговото тело почнува да „беснее“. Срцето почнува да му чука забрзано, крвта струи во препоните, во главата му одѕвонува па не може да размислува трезвено. Не сака да остави дојам дека пред тоа никогаш не видел гола жена па се обидува да остане кул и присебен. А всушност најрадо би сакал да вриска од среќа.

2.„Обиди се да издржиш“
Мажите постигнуваат оргазам побрзо од жените што не значи дека само мораат додатно да се потрудат туку и да го одложат своето задоволство на задоволството на жените. Затоа, иако најрадо би воделе љубов диво, понекогаш мораат да водат љубов во позабавено темпо со кое како што се надеваатм ќе успеат до го достигнат врвот во исто време.

3.„Кога барем би знаел што сака да и правам“
Немојте да се плашите да му дадете насока на вашиот партнер. Нивната работа е многу полесна кога имаат информации. Шепнете му ги на уво своите желби, покажете им со дланката каде сакате да ја превземат контролата – порачуваат мажите кон жените.

4.„Колкав среќник сум“
Мажите едноставно ги преплавува чувство на задоволство и благодарност кога ќе ја видат жената гола.

5.„Поради што воопшто таа би можела да се чувствува несигурно?“
И мажите имаат свои несигурности, но и понатаму тешко ги разбираат женските „кочници“ кога тие се толку маѓепсани од женското тело. Ако жената ги прекрива градите со рацете, со крие под прекривката и не може потполно да се опушти, вистинскиот маж ќе стори се за да направи таа да се чувствува добро. Тие несигурности на мажите не им сметаат, но подраго им е кога жената гордо ја покажува својата убавина.

Прегледи:
1577
Објавено на:
25.09.2020