Категории

Мистериозен остров во Њу Јорк кој не смее никој да го посети (ВИДЕО)

Островот „North Brother“ е откриен од страна на холандскиот морнар Адриен Блок помеѓу 1611 и 1614 година. На него никој не живее веќе 50 години и пристапот е строго забранет.

Во Њу Јорк постои скриен остров кој е напуштен пред 50 години. Според објавените податоци, иако никој не живее на островот, пристапот на него е забранет. Станува збор за ненаселено место со површина од 8,9 хектари, со исклучително чувствителен екосостав кој денес претставува природен резерват.

Островот е сместен на „East Rivera“ во близината на Бронкс, попознат како „вратата на пеколот“, на кој досега потонале неколку бродови. Според достапните информации, истражувачите кои го испитувале овој контроверзен остров, ги разгледувале можностите за негова посета.

Островот наскоро би требало да биде отворен за посетители

Посетителите, доколку биде одобрено, на островот би можеле да доаѓаат со бродови, а се во рамки на турата која би траела два часа.