Сите ги сакаме приказните за патувањето низ времето и секој од нас има желба барем еден ден да биде дел од некој историски настан. Според некои луѓе постои уред наречен хроновизор, преку кој можеме да го видиме минатото и иднината.
Се вели дека меѓу многуте тајни кои ги има Ватикан, постои и еден уред наречен хроновизор. Овој уред наводно овозможува гледање во иднината, како и во минатото. Многумина веруваат дека се работи за една од најчуваните тајни во историјата на човештвото.
Хроновизор е релативно мал уред опремен со многу антени, а се состои исклучиво од скапоцени легури, катодни, цевки, копчиња и рачки. Функционира како телевизор, но наместо да прима сигнали од локални станици, хроновизорот може да се нагоди во минатото и на гледачот да му овозможи да „гледа и слуша“ настани кои се случиле пред повеќе векови.
Се вели дека проектот за овој интригантен уред бил откажан од Ватикан, но не и уништен и дека се крие во една од многуте тајни простории на Ватикан, скриен од очите на јавноста.
Верувате ли и вие во оваа теорија?
https://youtu.be/Lmb79w_AUNA