Категории

Митот за јаглехидратите

Митот за јаглехидратите

Се чини дека секој има своја теорија кога се во прашање јаглехидратите. Една од нив е дека воопшто и не треба да ги внесуваме, друга е дека не треба да се јадат после 19:00 часот, трета пак дека може да се конзумираат до три часа пред спиење. Но, која од овие теории е точна кога сакаме да ги стопиме телесните масти?

2

Постојат три видови на јаглехидрати:

• Прости јаглехидрати
• Сложени јаглехидрати
• Јаглехидрати богати со влакна (Fiber)

Прости јаглехидрати

Овој вид на јаглехидрати е краток ланец на шеќери, кој доаѓа од типови на храна кои имаат сладок вкус. Тука спаѓаат сите видови на благо ( чоколадо, сладолед итн.) и овошје. Продуцираат краткотрајна енергија и многу брзо се разложуваат во телото. Овој тип на јаглехидрати не го заситуваат телото на долг временски период, па затоа, многу брзо по нивното внесување можете да осетите глад. Од простите јаглехидрати најдобро е да се конзумира само овошјето и тоа во ограничени количини.
Со внес на простите јаглехидрати панкреасот лачи хормон наречен инсулин. Инсулинот е хормон кој му дозволува на телото да користи шеќери (глукоза) од јаглехидратите преку храната која ја внесуваме за енергија, или да складира шеќери (глукоза) како резерва за понатамошна употреба. Неискористената резерва на глукоза се складира во форма на телесни масти. Инсулинот најчесто е опишуван како “клуч“ кој ја отклучува ќелијата и дозволува да влезе шеќерот за да се користи за енергија. Овој тип на јаглехидрати предизвикува брз раст на инсулинот, а потоа многу нагло паѓа, со што се јавува потреба во организмот за внес на уште јаглехидрати и чуство на умор и недостаток на енергија.

Инсулинот има улога да го регулира шеќерот во крвта, да не се качи многу високо, со што настанува хипергликемија, или да не се спушти премногу ниско со што настанува хипогликемија.

Сложени јаглехидрати

За разлика од простите, сложените јаглехидрати се долг ланец на шеќери кои претежно потекнуваат од храна со не толку сладок вкус, како што се ориз, тестенини, компир и сите видови на тесто создадени од пченица (леб, бели пецива итн). Овој тип на јаглехидрати телото многу поспоро ги разложува со што и добиваме чувство на заситеност кое трае неколку часа по нивно внесување. Од овој тип на јаглехидрати најдобро е да се внесува ориз и компир, но во многу ограничени количини и не толку често (два до три пати неделно).
Сложените јаглехидрати предизвикуваат постепен инсулински раст. Тоа е главната причина да се чувствуваме сити подолг период по нивниот внес. Познавајки ги сите типови на јаглехидрати, ќе ви помогне да го скратите патот до создавањето на вашиот идеален физички изглед.

Јаглехидрати богати со влакна

Ова е најдобриот тип на јаглехидрати и прв избор кога сакаме да ги симнеме телесните масти. Потекнуваат од сите типови на зеленчук кој имаат зелена боја (марула, брокула итн.). Најбитно е тоа што нема никакво ограничување за нивен внес, буквално што повеќе ги јадеме, тоа подобро.
Јаглехидрати богати со влакна имаат незначителен ефект врз нивото на шеќери во организмот, но затоа делуваат како чистач на вашиот цревен тракт. Овие јаглехидрати драстично го забрзуваат вашиот метаболизам.

3

Ние во Кросфит Скопје најчесто ги практикуваме јаглехидратите богати со влакна. Тие перфектно се вклопуваат во начинот на исхрана кој го практикуваме, а тоа е Зонска исхрана. Овој тип на исхрана не исклучува ниту еден од основните макронутритиенти кои му се потребни на човекот (протеини, јаглехидрати и масти). Зонската исхрана е во функција на регулирање на инсулинот како еден од начините за контрола на внесување на вишок храна која се претвара во телесни масти. Таа е балансиран начин на исхранување кој се состои од:

• Протеини (чисто, природно месо, јајца, риба ) 30%;
• Јаглехидрати (најчесто со ниско ниво на шеќери – овошје и зеленчук) 40%;
• Масти (сирови бадеми, лешници,ореви итн) 30% .

Доколку сакате да го пробате овој начин на исхрана за подобрување на здравјето и перформансите во вежбањето ќе мора да се обратите на контакт телефонот 078804353 или на [email protected]. Ние ќе ви помогнеме да ја одредите количината на храна која треба да ја внесувате, бидејки не постои едно решение за сите проблеми!

Напиша Жарко Батич- тренер во Кросфит Скопје

Прегледи:
679
Објавено на:
26.06.2016