Категории

Митот за Лилит – првата жена на Адам од која се родил стравот кај луѓето

Нејзиното име во превод значи „демон на ноќта“, во некои култури означува страв, тага и страдање, но и незапирлива слобода која доаѓа само ноќе. Бог на шестиот ден од создавањето, ги создал мажот и жената заедно да управуваат со светот. мажот секако бил Адам, но жената се викала Лилит. Ева тогаш не постоела. Преданието зборува дека Адам и Лилит биле создадени на ист начин, од земјината прашина.

Откако нејзиниот опис за прв пат е забележан на глинени плочи, таа ги буди приказните во кои човекот ги пронаоѓа своите најдлабоки стравови.
Трагите за неа произлегуваат од древната доба на Сумерците и Акадите. Ја нарекуваат првиот демон, првата жена на Адам. Нејзиното име во превод значи „демон на ноќта“, во некои култури означува страв, тага и страдање, но и незапирлива слобода која доаѓа само ноќе.

Името и е Лилит кое доаѓа од вавилонскиот збор „лилиту“ што претставува жена-демон, но и дух на ветрот. Нејзиното постаро име „Лилаке“ се појавува сумерски плочи стари илјадници години.

Во различни митови и преданија ширум светот постојат преку четириесет забележани плочи со нејзиното име и опис кои се доста слични. Бројни стручњаци се занимаваат со феноменот Лилит и нејзиното значење, особено во вид на трансформација која древната легенда ја оживува во модерно доба каде Лилит станува симбол на слободата и пркосот а со тоа и на еден начин, симбол на рамноправноста на половите.

Во митовите и преданијата често е опишана како крилест женски демон кој им доаѓа на мажите додека спијат. Тие кои ја запознале копнееле по неа и плачеле, и после Лилит никогаш не посакале смртна жена. Имала толкава моќ над нив што и дозволувале да им ги одзема сопствените деца кои ги гушела доколку не биле заштитени.

Родена од стравот
Се смета дека Лилит како митска фигура настанала затоа што во човекот постои страв. Детето кога ќе се роди се раѓа во страв од раздвојување; проникнато е со страв од непознатото, страв од празнина и пропаѓање, гушење, но истовремено и со вродени рефлекси на препознавање и создавање на одбранбени механизми со цел да го совлада тој страв.

Во библијата, во книгата на пророкот Исаија (8 стр. пр. Кр) Лилит се споменува само еднаш: „Таму ќе се сретнат две мачки со хиени, јарците ќе се довикуваат еден со друг, таму ќе се одмара Лилит и ќе пронајде мир“
Но секако најпознатото толкување на Лилит е она кое до ден денес се наоѓа во хебрејскиот мит за првата жена на Адам, од средновековната книга The Alphabet of be Sirach која датира од 11 век.

Првата жена на Адам
Бог на шестиот ден од создавањето, ги создал мажот и жената заедно да управуваат со светот. мажот секако бил Адам, но жената се викала Лилит. Ева тогаш не постоела. Преданието зборува дека Адам и Лилит биле создадени на ист начин, од земјината прашина. Желбата на творецот била мажот и жената да бидат со еднакви права. Талмудските преданија тврдат дека биле создадени споени во грбовите. Потоа помеѓу Адам и Лилит избила кавга околу начинот на водење љубов „Зошто би морала да спијам со тебе? И јас сум создадена од прашина, потполно сум ти рамноправна“. Но Адам одлучил тоа да го направи насила. Лилит се разбеснила и го изговорила Божјото име. Во тој миг на чуден начин добила крилја и низ воздухот побегнала од Еден (Рајската градина).
Со скршено срце, Адам го преколнувал Семоќниот: „Господару на светот, жената која ми ја даде одлета!“ Тогаш Бог ипсратил три ангели во потрага по Лилит, која требала да биде убедена да се врати кај мажот. Лилит не сакала да слушне нити под Божјата пресуда: ќе роди многу деца, но сто нејзини синови ќе мораат да умираат секој ден.
Очајна поради суровата казна, сакала да се фрли во Црвеното море.

Ангелите притоа и ја ублажиле казната, додавајќи и моќ над новороденчињата, осум дена после раѓањето на машкото дете, дваесет дена посќе раѓањето на девојче, а освен тоа ќе поседува неограничена моќ над вонбрачните деца.
Морала да вети дека ќе ја изгуби моќта над новородените деца кога ќе ја види амајлијата со ликот на тие три ангели.
Преданието понатаму зборува акко Лилит станала мајка на сите темони – оние кои се против Божјата волја.
Откако Лилит заминала, Бог од ребрата на Адам ја обликувал Ева, која се „покорила“.
Лилит не го гризнала погрешното јаболко и не примила сознание за доброто и злото, па затоа останала бесмртна.

Адам добил нова придружничка, но тој и Ева паднале во Божјата немилост.
Како покајување за својот грев, Адам ветил дека ќе избегнува полов однос со Ева за следните сто години. Но Лилит желна за одмазда секоја ноќ му доаѓала на Адам и имала однос со него и на тој начин раѓала мали демони. Еден од нив, како што некои велат бил Самаел – принцот демот, кој Лилит подоцна го земала за свој придружник и љубовник.

Древен демон
Антрополозите сметаат дека стравовите се наоѓаат помеѓу темелните двигатели во создавањето на митовите и митологијата и имаат значајна улога во обликувањето на митските фигури и разни ликови на биполарност, па така и самиот човек како целина која е обликувана од добро и зло.
Лилит како се наоѓа како персонификација и метафора во многу преданијаво разни култури и ја претставува состојбата на човековиот психолошки склоп.

Како прва жена на Адам и рамноправна на него, Лилит кај Сумерците е претставена со лик на був и била сметана за света. Ја прикажувале како жена која наместо човечки нозе има нозе на був, стои позади два лава и во секоја рака држи сумерска верзија на знакот Ankh (симболот кој се поврзува со Египет и ја претставува бесмртноста).

Хебрејската етимологија укажува на бабилонското потекло на името Лилит – од лаил „ноќ“.
Хебрејската и старозаветна Лилит се опишува како ноќно чудовиштве, често претставено во зооморфен облик на був, чии ноќни крикови ги плашат луѓето.

Лилит и понатаму низ вековите не избледува и го отелотворува емоционалниот и духовниот аспект на мракот, теророт, сензуалноста и нескротливата слобода, но пред се стравот и вознемиреноста, човековите емоции..

Прегледи:
1507
Објавено на:
16.09.2020