Категории

Младата Ели Поповска учествуваше на „6th Arts Olympiad World Children’s Festival“ во Вашингтон!

Среќа е кога имаме среќни и убави вести да споделиме со вас!

Младата Ели Поповска, која има 14 години, учествуваше на „6th Arts Olympiad World Children’s Festival“ во Вашингтон!

Темата која што им беше зададена на учесниците на олимпијадата беа зборови од Мандела, но во врска со спорт, а нашата Ели успеа во конкуренција од 220.000 учесници да биде одбрана за изложбата меѓу 44 претставници од Европа.

На следниот линк е изложено делото на Ели, кое може да го погледнете на страна 40: https://icaf.org/childart/2021WCF/

Иако има само 14 години и е 9-то одделение при ОУ Лазо Ангеловски, таа веќе од 2017 година активно црта во Атеље 49, под менторство на М-р Маја Танева.

Реченицата која е инспирацијата за сликата со која учествуваше на олимпијадата е следната: Секој има право и може да спортува.

На овој нејзин успех му претходеше сликата која Ели ја испрати на „International Child Art Foundation“ на тема КОВИД – 19. Поради оваа нејзина слика со наслов „Подари вирус наречен љубов“, таа доби покана да учестува на „6th Arts Olympiad World Children’s Festival“ во Вашингтон.

Ели досега има учествувано на 7 изложби, меѓу кои:

Horus – Независна земја, среќни граѓани:

Институт за култура и уметност Меѓународен Славјански унверзитет – Омилена приказна од А.С. Пушкин

Има учествувано на 2 изложби од училиштето каде учи цртање, на кое освоила прво место и добила стипендија за учење цела година бесплатно.

Честитки Ели, ти посакуваме голем успех во ширењето на твојата креативност ширум светот! Да имаш успешни и посетени изложби и да бидеш среќна и исполнета со уметноста!