Категории

Младата Јована ја испеа најубавата патриотска песна за Македонија, „Не плачи мајко, не жали“

За сите генерации кои ја сакаат нивната татковина, младата Јована ја испеа од срце „Не плачи мајко, не жали“.

Јована е и носечки изведувач на музичкиот проект „МАКЕДОНИУМ“ на кој продуцент е Темелко Андреев. На овој проект може да се најдат најубавите македонски патриотски песни. Мора да се истакне дека овој проект кој е од големо значење за зачувување на духот и љубовта кон татковината, ќе заврши со концертна промоција до крајот на 2024 година.

„Искуството да бидам дел од еден ваков проект, од едно „РЕМЕК-ДЕЛО“ за мене претставува големо задоволство. Среќна сум што овој проект буди љубов и надеж за нашата прубава земја Македонија. Искуството беше преубаво пред се затоа што имав можност да работам со големи професионалци, а потоа и затоа што направивме нешто што ќе остане за навек. Најголем впечаток ми остави идејата и замислата која ја има продуцентот Темелко, затоа што кој и да го погледно спотот кој и да ја слушне песната не останува рамнодушен“ – вели младата Богдановска.

Слушнете го препевот на талентираната Јована:

Прегледи:
470
Категории:
Занимливости
Објавено на:
05.12.2022