Категории

Моделот Елса Хоск доживеа мал инцидент на филмскиот фестивал во Венеција

Ангелот на Victoria’s Secret, Елса Хоск дожвиеа мал инцидент на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција.

Додека чекореше за да позира пред папараците за време на премиерата на Marriage Story, нејзината обетка испадна на килимот. Елса самоуверено се справи со малиот инцидент и со широка насмевка веднаш ја зеде обетката и повторно ја стави на увото.

Во одбрана на моделот нејзините обетки изработени од злато и бисери изгледаа навистина гломазно и тешко. Во текот на следното појавување таа избра малечки скоро и незабележливи обетки веројатно со цел да го спречи истиот инцидент.

Прегледи:
388
Објавено на:
03.09.2019