Браќата Адриан и Мартинус Пул се дизајнерите позади малечкиот бизнис наречен Адриан Мартинус. Тие земаат стари скејтборди и ги преправаат во модерен, уникатен мебел, за кој ни на крај памет не би ви паднало дека доаѓа од скејтборди. Тие сакаат да им дадат втор живот на скејтбордите, и веруваат во убавината на рециклираното и преработеното.
„Сакаме купувачите да се изненадат кога ќе дознаат дека одредено парче е направено од скејтборд“ – викаат браќата.
Тимот користи квалитетни скејтборди изработени од јаворово дрво.