Категории

Модерни велигденски јајца

Ако ви здодееја класичните традиционални идеи за фарбање на велигденски јајца, оваа година можете да испробате нови модерни стилови.

За вас пронајдовме неколку интересни идеи во необичен стил.

Вклучете го целото семејство во фарбањето и направете ремек дела и забавувајте се.

# Цртеж од налепници

Направете интересен цртеж на јајцата со помош на налепници. Употребете ја својата креативност и малку боја.
Можете да користите самолеплива колаж хартија или обична бела која подоцна ке ја боите по желба.

# Фарбајте со боја

Тука мислиме на темпери, водени бои или било какви други кои ќе ги нанесете со четка.

farbajte-so-boja-02

# Господин

Мал господин или госпоѓица. Офарбајте го јајцето во некоја светла боја, а потоа нацртајте го лицето по желба

gospodin-03

# Јајца со конец

Со јајце замотано во конец ќе победите на секое кршење. Само мешајте ги боите за да добиете ремек дело.

jajca-so-konec-04

# Трошки за колачи како омот за јајце

Веруваме дека оваа техника не ви “паднала на памет“, а толку е едноставна и забавна.

Искористете ги трошките за колачи и торти кои ги имате во домот за декорација на велигденските јајца. Сварените јајца намачкајте ги со лепак и извалкајте ги во трошките и тоа е тоа!

Прегледи:
1826
Објавено на:
28.04.2016