Секогаш кога ги прелистувате списанијата, или пак поминувате покрај рекламни постери на улиците, можеби сте почувствувале грч од завист. Завист што се појавува поради прекрасните модели и познати личности со ултра-мазна кожа и совршени тела.
Наспроти сите овие маркетинг кампањи, модната компанија „Boohoo“ одлучи да се рекламира на поинаков начин и доби огромни пофалби поради тоа на социјалните мрежи. Овој бренд објави фотографии од модели кои со гордост ги откриваат своите стрии, без никакви трикови и без фотошоп. И покрај тоа што ова не е првата компанија која воведе кампања која ги поддржува “вистинските жени”, наидоа на лавина поитивни коментари и мислења од луѓето. Погледнете како изгледаат моделите на „Boohoo“ без фотошоп!