Смеата е природен лек којшто помага при отстранување на стресот и има неверојатна способност да ни ја подобри енергијата.
Во продолжение, дознајте кои се психолошките придобивки од смеата:
- Кога се смееме, нашиот мозок ослободува ендорфини, хормони за добро расположение кои делуваат како природни лекови против болки.
- Кога се смееме, се намалуваат анксиозноста и депресијата, а ние се чувствуваме многу подобро и поздраво.
- Се ослободува допамин, невротрансмитер којшто се асоцира со задоволство.
- Со тоа што Вашиот мозок е во релаксирана и позитивна состојба, Вие автоматски станувате покреативни.
- Со смеата, стануваме поотпорни кон негативните емоции.
Следниот пат, кога ќе бидете тажни, вметнете доза на смеа. Смеата не е само забава, смеата е терапија!