Категории

Момче ја побара за партнерка за матура пријателката со Даунов синдром, освои илјадници срца

Момче стана вирален хит на социјалните мрежи откако за своја партнерка за матура ја избра пријателката со Даунов синдром.

Шидон Ведел на креативен и уникатен начин ја побара Карли за своја партнерка и доби илјадници пофалби од целиот свет. Тој објави фотографии од случката на Twitter и досега има речиси половина милион допаѓања и 112 илјади ретвитови.

„Со нетрпение чекам да одам на матура со оваа слатка девојка“ – напиша Шидон за Карли, која му е сестра на неговиот најдобар пријател.

 

„Ја познавам веќе седум години и таа ми донесе само радост во животот. Таа им мами насмевки на сите што се околу неа и секогаш има насмевка на лицето. Неверојатна е.“

„Не ни помислував дека цел свет ќе го види мојот твит и видеото на Facebook. Во последните неколку дена добив многу директни пораки на Twitter, кои содржат само позитивни коментари“ – рекол Ведел.

„Верувам дека вниманието ќе ја подигне свеста дека и лицата со посебни потреби го бараат и заслужуваат истото внимание кои другите го добиваат. Благодарен сум за целата позитивност која излезе од сето ова“ – додал тој.

Погледнете и видео:

Прегледи:
434
Категории:
Видео · Секојдневие
Објавено на:
22.03.2017