Потстрижување за почит. Светот му симнува капа на малиот Томас Мур, кој две години си ја растел косата за да придонесе за создавањето на перики за деца кои се борат со рак.
Еден ден Томас ја видел мајка си како гледа видео од мало девојче кое ја изгубило косата поради рак и бил трогнат. Неговата мајка му објаснила малку повеќе за ракот и за последиците од хемотерапијата. Тогаш започнала неговата мисија – да си ја порасне косата за да може да му ја подари на девојчето.
Со потстрижувањето, 10-годишниот Томас донирал доволно коса за да бидат направени 3 перики. Неговата тетка сподели на Twitter фотографии „пред и потоа“.
my nephew grew his hair out for two years to donate to kids with cancer ? pic.twitter.com/YuamNNcMEI
— amber lynne (@storkpatrol) September 11, 2016