Категории

Момче со аутизам е премногу возбудено на првиот училишен ден, а неговиот другар го смирува држејќи го за рака

Првиот училишен ден за малите првачиња и останатите деца претставува голем настан и предизвикува трема и возбуда. Особено поради фактот дека сѐ уште не сте ги запознале своите соученици.

Овие две момчиња од Вичита, Канзас поставија пример за другарството од кој може да учиме и ние возрасните.

Кога Кортни Мур го оставила во училиштето нејзиниот 8-годишен син, забележала како тој седи на земјата со друго момче кое плачело во аголот. Тој го фатил за рака и заедно стигнале до влезната врата на училиштето. Чекал сѐ додека не заѕвони ѕвончето и го испратил до училницата.

Гестот на Кристијан бил особено трогателен поради фактот што Конер, момчето кое седело само во аголот има аутизам.

https://www.youtube.com/watch?v=VX3I0G5JjbM

„Тој се возбудува многу лесно и почнува да плаче и кога е тажен и кога е среќен. Ова беше особено возбудлив ден за него“, објаснува мајката на момчето со аутизам.

Момците се зближиле веднаш. Од првиот ден тие започнале даа се дружат и да играат видео игри заедно. Конер обично се нервирал кога игра со други деца, но не и со Кристијан. Пресреќен е што има нов другар.

„Ме пронајде и ме држеше за рака, а јас плачев од среќа“,вели Конер.