Категории

Момчиња облекле здолништа за во школо, во знак на протест

Овие момџиња, тинејџери, откако температурите го надминале 30-тиот Целзиусов степен, побарале од училиштето носат шорцеви, но тоа нивно барање било одбиено.

Момчињата се инаку ученици во Академијата Isca во Exeter, а долгите панталони не ги сметале соодветни за моменталните температури, па откако им било одбиено барањето за облека соодветна на временските услови тие направиле протестен чекор.

Позајмиле од нивните сестри и другарки здолништа, па се појавиле облечени со нив во училиштето, а кон ваквиот протестен чин се приклучиле и останати ученици.

Мајка на еден од тинеџерите вели „Мојот 14 годишен син ја праша директорката дали може да носи шорцеви. Таа му одговори „Па, може да носиш здолниште“, секако тоа му го рече саркастично.“

Момчињата чувствуваат неправда, вели друг родител, додека учителките се во здолншта и сандали, тие мора да бидат во долги панталони, а постарите момчиња мора да носат и палто.

Се додека правилата велат дека може да се носи само здолниште, овие момчиња ќе продолжат да ја носат женската униформа.

 

Прегледи:
490
Објавено на:
29.06.2017