Категории

Момци, на овој начин ја губите девојката која ве исполнува

Момци, на овој начин ја губите девојката која ве исполнува…

Можеби еден ден, после неколку месеци или години, ќе се разбудите и ќе сфатите дека таа ви недостига. Ќе ви недостига начинот на кој ве гушнала пред да си кажете збогум или начинот на кој ве засмевала, мирисот на нејзината коса или нејзината умешност секогаш да ве расположи кога сте имале лош ден, без разлика дали тоа било со бакнеж, прегратка или мал гест на внимание.

Ќе ви недостига начинот на кој таа се обидувала да се насмее откако сте ѝ кажале шега која не ја сфатила, или пак моментот кога секогаш знаела да се извини, дури и кога тоа што се случило не било нејзина вина, само за да не се карате повеќе. Ќе ви недостига и звукот на нејзиниот глас и како нејзината рака совршено се вклопувала во вашата.

Ќе ви недостига начинот на кој таа гледала во вас. Ќе ви недостигаат нејзините очи, насмевка, љубов и слатките пораки со кои знаела да ве изненади. Тој ден, ќе го почувствувате ударот на сите оние грешки, сите оние моменти кога ја повредувавте само затоа што не знаевте што да правите. Кога ја натеравте да се чувствува незначајна затоа што сте биле премногу загрижени за своето его. Секогаш кога одбиравте да не се грижите, наместо да разговарате за проблемите. Одеднаш, ќе се соочите со безброј прашања од типот „Што ако“ и дури тогаш ќе помислите дека сте можеле да направите нешто, па ќе посегнете по телефонот со цел да ја побарате, затоа што сакате барем да зборувате со неа. И тогаш ќе се сетите дека немате зборувано подолго време и дека нејзините пријателки еднаш ви споменале дека таа го променила нејзиниот број.

Тогаш ќе ви стане уште потешко, кога ќе надојдат спомените. Но, најмногу од сѐ, ќе помислите на денот кога после вашето карање таа стоела и ве чекала, додека вие заминувавте. Ќе се сетите колку пати се обидувала со вас и колку многу труд вложила во вашата врска. Но тоа никогаш не било доволно за да почнете да се грижите. Ќе се сетите и дека го одбравте полесниот пат, па ќе почувствувате празнина во срцето.

Па, можеби ќе го побарате новиот број од нејзините пријатели и ќе ја контактирате, но таа најпрво ќе се запраша за кој станува збор, затоа што вашиот број веќе не постои во нејзиниот именик. Во тој момент ќе ѝ признаете колку ви недостига и колку жалите за сите оние работи што ви се случиле и дека посакувавте да можете да го вратите времето и да донесете поинакви одлуки. Но, тогаш таа нема да знае како да ви објасни дека веќе има свој нов живот и е задоволна со него. Па тогаш ќе сфатите дека е премногу доцна. Тогаш ќе знаете дека сте ја изгубиле засекогаш. Таа ќе ви се извини, затоа што е таков тип човек, но ќе знаете дека ова извинување нема да промени ништо. Иако мислевте дека разговорот ќе ги смени работите помеѓу вас, тоа нема да се случи. Тогаш ќе се запрашате: „Како си дозволив да ја изгубам девојката која ме исполнуваше?“

За да го спречите ова да се случи, никогаш не земајте ја здраво за готово девојката што навистина се грижи за вас и ве исполнува. Дајте сè од себе за да ја задржите, бидејќи никогаш нема да најдете личност што поискрено ќе ве љуби од неа. Препознајте ја вистинската љубов и едноставно не дозволувајте да ја изгубите. Бидејќи ако еднаш ви се „лизне“ од раце, никогаш повеќе нема да можете да ја вратите.

Прегледи:
399
Објавено на:
04.10.2016