Категории

Момците откриваат: Кои се глупавите женски навики што никогаш нема да ги разберат?

Велат дека мажите се од Марс, а жените од Венера. Можеби тие не се толку различни, но сепак постојат одредени работи кои момците никако не можат да ги разберат кај девојките. Жените прават некои ситници кои според мажите се неизмерно глупави и бесмислени. Во продолжение прочитајте го искреното машко мислење…

„Не можам да разберам зошто си ги бричат веѓите за да ги нацртаат повторно.“

„Навистина не ми е јасно зошто со себе носат чанти кои тежат 100 килограми.“

„Девојка ми користи 98% проценти од нашиот огромен шкаф и упорно се жали дека нема што да облече. Не ја разбирам!“

„Жените трошат илјадници денари за парче накит и го носат 3 пати годишно, а нѐ критикуваат нас за тоа што сме потрошиле 100 евра на патики што ги носиме секој ден.“

„Одат во фризерски салон и излегуваат со истата фризура, а за сето тоа трошат илјадници денари!“

„Не ми е јасно зошто кога одат во тоалет, мора да си ги земат другарките со себе…“

„Не разбирам зошто се мачат за да бидат убави. Еднаш си ги издепилирав нозете за да видам како е и никогаш не би го повторил истото. Не ми јасно како можат да вадат влакна со пинцета и да се депилираат секојдневно. Секоја чест за издржливоста!“

„Ми се допаѓаат високите потпетици, бидејќи ги издолжуваат нозете и прават задникот да изгледа поубаво. Но, не можам да ги разберам екстремно високите штикли кои девојките ги носат, а едвај одат во нив!“

„Доколку сте жена, најверојатно се залагате за полова еднаквост. Зошто тогаш чекате мажот да го направи првиот чекор? И вие сте луѓе. Ви се допаѓа некој? Преземете нешто!“

„Не ми е јасно како можат да трошат толку време на шминкање. Разбирам дека треба време за да се нанесе шминката како што треба, но вистината е дека не ви ни треба толку шминка. Ако веќе инсистирате да бидете нашминкани, почнете порано да се подготвувате за да не доцните.“

Лудо е тоа како жените трошат илјадници денари на парче облека, го облекуваат ЕДНАШ, им стои во шкаф, но никогаш повеќе не го облекуваат! Неверојатно!“

„Не ми е јасно како можат девојките да се собираат и да зборуваат само за секс. Деталите што ги споделуваат се неверојатни! Мене не би ми било пријатно да зборувам со други мажи за истите работи. Тоа е премногу лично.“

„Не разбирам како можат да раскажуваат во детали. Кому му е грижа за деталите?!“

„Не ми е јасно зошто мора да го споделуваат секој детаљ од нивните љубовни врски на социјалните мрежи.“

Прегледи:
439
Ознаки:
·
Објавено на:
23.02.2017