Категории

Мон Блан за четири години се намалил за еден метар

Еден од највисоките врвови во Европа, Мон Блан за четири години се намалил за речиси еден метар и неговата висина сега е 4.807,81 метар. Тим од 30 луѓе ги направи мерењата во средината на септември.

– Сега климатолозите, глациолозите и другите стручњаци треба да ги обработат сите собрани податоци и да предложат хипотези за објаснување на оваа појава, истакнуваат научниците од одделот Горна Савоја, кои вршат мерења на секои две години. Претходните податоци беа објавени 2017 година.

Според податоците од 2017 година, висината на врвот била 4.808,72 метри. Претходно, во 2007 година тој број изнесувал 4.810,9 метри.

Прегледи:
556
Објавено на:
30.09.2021