Категории

Може ли мажот да се промени и дали жените мислат само на секс? Сите лаги од „Сексот и градот“ во кои веруваме

Ова се некои од заблудите кои се провлекуваат низ серијата. Легендарната серија „Сексот и градот“, по која се снимени и два филма, е еден од ултимативните водичи при машко-женските односи кога станува збор за модерната жена. Сепак, не е се баш така како што е прикажано во оваа култна серија.

 

Можеш да го промениш мажот

Единствена личност на која можете да работите, сте самите вие. Колку и да се трудите, за жал, мажите и пријателките во вашиот живот ќе останат такви какви што се и вие мора да се помирите со тоа.

 

Во ред е да пиете и кога не е викенд

Колку и да ви се чинат коктелите привлечни по напорниот ден, следниот ден телото нема да ви биде благодарно за тоа. Не постои трик кој ќе ви помогне следниот ден да бидете подготвени за нови работни победи, а притоа да изгледате свежо и одморено како фантастичната четворка од серијата.

 

Врската е синоним за драма

Тоа што животот на Кери Бредшо беше една голема драма, не значи дека и вашата врска ќе биде исполнета со игри и драми. Не е возбудливо баш се што е недостижно и неверојатно, некогаш убавината се крие во сосема обичните, едноставни и мали нешта.

Кирија за чевли

Иако не е спорна смислата за мода на Кери, самата во повеќе наврати изјавуваше дека потрошила стан на облека и чевли. Дури и самата таа доживеа шок во серијата кога сфати колку чини нејзината манија за шопинг и колку е тоа бесмислено.