Категории

Можеби е добро што не завршуваме со нашите сродни души во овој живот

Можеби знаевте дека тој е вистинскиот за вас уште кога прв пат го слушнавте неговото име. Потоа, како што зборувавте, сѐ повеќе се уверувавте во тоа. Станавте блиски и откривте дека имате безброј сличности. Не е тоа дека имате заедничка омилена книга, омилен филм или дека практикувате исто хоби. Тоа е нешто подлабоко.

Начинот на којшто ги споделувате емоциите со таа личност прави да сфатите дека делите исти мислења, планови и соништа. Сфаќате дека сте како парчиња од различни сложувалки, коишто се вклопуваат совршено. Верувате во еден Бог и дека тој одлучил вие двајца да се запознаете.

Велат дека кога ќе ја пронајдете својата сродна душа, вие едноставно ќе го знаете тоа. Но, во свет полн со мистерии и измислени приказни, ние избираме да веруваме само во она што сакаме да веруваме. Па, како да се прифати нешто како вистина, кога единствената причина што ја имате е тоа што вие самите верувате? Па, се прашувате: Дали е ова парадокс? Дали како што погледнувате подетално на работите, вашата визија не останува толку јасна? Тогаш станувате несигурни и постојано барате одговор или некој знак којшто ќе ви ја покаже насоката. Можеби ова не е случај и кај другата личност. Можеби таа сѐ уште нема сфатено дека вие сте предодредени да бидете заедно, а можеби и никогаш нема да сфати.

Сепак, не треба да чувствувате каков било вид грижа, затоа што најтешката одлука ве донела онаму каде што сте денес. Сте ја запознале личноста која ви одговара и таа била присутна во само дел од вашиот живот. Можеби тоа е причината што овие личности се наречени сродни души – затоа што тие одговараат на небото, но не се предодредени да останат на земјата. Па, од една страна тоа е во ред. Кој знае што се случува по смртта?

Прегледи:
345
Објавено на:
03.09.2016