Категории

Можеби некогаш ќе разбереш зошто секое утро знам дека ноќта врнело

hot seyx sad girl wallpapers

Можеби некогаш ќе разбереш зошто сум плачела без зборови. Можеби некогаш ќе дознаеш колку тага ми насобрала душава. Можеби некогаш ќе откриеш дека безброј ноќи додека ти спиеше се нурнував во перницата сакајќи да ги удавам солзите што ми го печеа лицето. Можеби некогаш ќе разбереш дека сакав да ме гледаш во очи за твоите да ми кажат што премолчуваш.

Можеби некогаш ќе разбереш зошто секогаш за се’ те прашувам неколкупати, се надевам ќе го смениш одговорот.. јас верувам во трета среќа. Можеби некогаш ќе дознаеш дека никогаш ништо не ти простив, јас само не можев без тебе. Можеби некогаш ќе откриеш дека влегував во тоалетот ја пуштав чешмата и додека водата течеше, плачев на глас.

Можеби некогаш ќе откриеш дека често се преправав дека спијам, надевајќи се дека ќе ми кажеш нешто што не можеш додека сум будна. Можеби некогаш ќе дознаеш дека кога ти ќе заспиеш те гледам до доцна во ноќта, ти го гледам лицето дали ти е насмеано, уживаш ли, дали си среќен? Секоја воздишка ти ја слушам, внимателно се напрегам да слушнам, прошепоти ли нешто, да не го кажа името мое, да не ме повика во сонот можеби? Можеби некогаш ќе разбереш зошто секое утро знам дека ноќта врнело.

Можеби некогаш ќе разбереш зошто секогаш сум ти барала се’, и она што не сум ти го кажала и она што не сум смеела да ти го кажам… Можеби некогаш во моите очи ќе ја препознаеш вистината која е само една, љубов, тага и страв.. и кога невидливо ќе гледаш, празно ке допираш, туѓо ќе посакуваш.. Можеби тогаш ќе разбереш зошто сум плачела без зборови.

Белешките на една Алиса.

Прегледи:
436
Објавено на:
19.06.2016