Категории

Можете да изгубите килограми јадејќи тестенини, а потребни ви се само 15 минути!

Италијанките се познати по уживањето во храната, а и одржувањето на витката линија.  Тајната е во трошењето на калориите преку шетање. Италијанките шетаат секој ден по најмалку 15 минути.

Тие понекогаш шетаат и по неколку пати дневно и тоа најчесто по оброкот. Но, во текот на прошетката нема да ги видите со апарати за мерење на чекори или облека за обликување на телото која поттикнува слабеење и потење. Италијанките уживаат во сончевите зраци, разговараат со соседите или со семејството, а воедно тоа им е одличен начин за дружење.

Придобивките од шетањето по јадењето се научно докажани. Истражувањето објавено во еден магазин покажало дека три прошетки по 15 минути во денот, го намалуваат ризикот од дијабетес.

 

Истражувањата покажале и дека прошетката по вечерата е најкорисна. Лесна физичка активност и зајдисонце, односно ноќ можат да го репрограмираат телесниот часовник и да ви помогнат подобро да спиете, да го подобрите системот за варење и да го забрзате метаболизмот, а сето тоа без вежбање.

Прегледи:
539
Објавено на:
26.05.2018