Категории

Mozzart со донација од 5.000 евра за Општата болница во Кочани

Дел од финансискиот пакет од 50.000 евра за борба против коронавирусот компанијата Mozzart го насочи кон Општата болница во Кочани.

Досега, од Mozzart помош добија здравствените установи во неколку градови: Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Општата болница во Куманово, Општата болница во Дебар, Клиничката болница во Битола, Клиничката болница во Штип и Општата болница во Кочани. Во следниот период ќе се реализира уште една донација.

Сите донации се наменети за болниците во Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот, со цел што поефикасно згрижување на заболените пациенти.

„Голема благодарност до компанијата Mozzart за оваа финансиска донација од 5,000 евра кои ги донираше на ЈЗУ Општата болница со проширена дејност Кочани во борбата против Covid-19. Ваквите хумани гестови се од огромно значење во овие моменти, и навистина ми е драго што постојат компании како Mozzrt кои се вистински пример како треба да се однесува една општествено-одговорна компанија.“ – изјави д-р Александар Серафимов, директорот на болницата во Кочани.

Лидерот во областа на приредување на игри на среќа, трпи огромни загуби со привременото затворање на сите уплатно-исплатни места, согласно мерките на превенција и заштита од ширење на вирусот. Без разлика на тоа, општествено-одговорните активности на компанијата Mozzart продолжија како и во редовна состојба, разбирајќи дека сега е моментот сите да покажат највисок степен на солидарност и хуманост.

„Продолжуваме и понатаму со хуманитарните акции кои се важен дел од нашето работење. Наша обврска е во овој несигурен и тежок период да се однесуваме одговорно кон општеството во кое работиме, да бидеме уште повеќе активни и дополнително да покажеме колку е важна хуманоста во овие моменти.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

Компанијата е препознатлива како општествено-одговорна компанија која настојува да биде вклучена во повеќе сфери и преку различни акции и кампањи да придонесе онаму каде што е најпотребно.

Прегледи:
634
Објавено на:
17.04.2020