Категории

Мрачната тајна на Ајнштајн! Откриени шокантните записи во неговите тајни дневници

Приватните дневници на Алберт Ајнштајн од турнејата по Азија во 20-тите години од минатиот век предивикуваат големо внимание бидејќи ја откриваат неговата мрачна страна.

Имено, дневниците откриваат дека Ајнштајн имал расистички предрасуди кон луѓето кои ги среќавал на своите патувања, особено кон Кинезите. Пишувани во перидот од октомври 1922. до март 1923. година, дневниците откриваат мисли од научникот напишани за патувањата, науката, филозофијата и уметноста, но и неговото мислење за кинескиот народ.

 

Ајнштајн, кој инаку во една пригода го опишал расизмот како „болест на белите луѓе“, за Кинезите вели: „Тоа се тупави и нечисти луѓе. Тие дури ни не седат кога јадат, само клечат, како да вршат нужда. Дури и децата им делуваат тупаво“, стои во еден од дневниците и додава: „Би било штета овие Кинези да ги заменат останатите раси, за нас останатите ова е мрачна мисла“, напишал славниот физичар.

Прегледи:
395
Објавено на:
14.06.2018