Категории

Мудра приказна со моќна порака: Тајната на животот којашто многумина не ја разбираат

Што е животот? Ова клише и збунувачко прашање е поставувано со векови наназад, уште од нашите предци и предците на нашите предци. И додека се трагало по одговорот, се открило дека тој не се состои од само една дефиниција, туку од повеќе, објаснувајќи го како еден колективен феномен, способност на организмот да расте и да се развива и искуствата кои тој организам ќе ги помине. Можеби физичкиот аспект на животните форми ни е добро познат, но ретко кој успеал да ја открие тајната на животот и духовноста на своето постоење. Затоа, постојат поучните приказни кои имаат цел да нѐ подучат и да нѐ упатат на правилниот пат кон спознавањето на самите себеси.

 a-ne-ja-razbiraat

 

Еден човек и неговиот син решиле еден ден да се прошетаат до шумата. Одеднаш момчето застанало и во болка извикало „Ах“! Од некаде се слушнал и друг глас кој доаѓал од планината: „Ах!“

Момчето станало љубопитно и прашало: „Кој си ти?“ Но, одговорот што го добило назад бил: „Кој си ти?“

Тоа се налутило и извикало: „Кукавицо!“ Гласот одговорил: „Кукавицо!“

Момчето го погледнало татко му и го прашало: „Тато, што се случува?“ Таткото му рекол да обрне внимание. Тогаш тој извикал: „Ти се восхитувам!“. Гласот одговорил: „Ти се восхитувам!“

Момчето се изненадило, но сѐ уште не сфатило што се случува. Таткото му објаснил: „Луѓето го нарекуваат ова ехо. Но, тоа е всушност животот. Тој секогаш ти го враќа тоа што го даваш. Тој е огледало на твоите дела. Доколку сакаш повеќе љубов, тогаш подари повеќе љубов. Доколку сакаш повеќе добро, тогаш подари повеќе добро. Ако сакаш разбирање и почит, тогаш сам разбери и почитувај. Ако сакаш луѓето да бидат трпеливи со тебе, тогаш и ти биди трпелив со нив. Текот на твојот живот не е случајност, тој е ехо на твоите дела.“

Прегледи:
768
Објавено на:
15.05.2016