Категории

Мудри мисли од Ошо: Размислувајте на овој начин и ќе бидете среќни, а грижите ќе исчезнат!

„Сѐ е достапно, но вие сте отсутни. Јас сакам луѓето да разменуваат многу едноставни факти, не филозофија. Нешто егзистенцијално, не филозофско“.

На прашањето поставено во интервјуто во ТВ емисијата „Добро утро, Америка“: „Вие немате филозофија на животот?“, Ошо одговорил: „Немам филозофија на животот. Јас го имам животот. Постојат луѓе кои имаат филозофии во животот, но немаат живот.“

Водителот потоа продолжил: „Кога би ја имале, таа би можела да се дефинира во три зборови – љубов, живот, насмевка. Дали е тоа филозофија?“

Ошо одговорил: „Не. Тоа е само последица на тивкото и складно постоење. Љубовта се раѓа во вас. Животот станува богат. Смеата без причина. Бидејќи целата оваа креација е урнебесно смешна. Тоа не е филозофија, тоа е последица на умешноста да се биде тивок.“

Телевизискиот водител и понатаму се интересирал на темата: „Дали тоа значи да уживате во животот и да не се грижите што ќе биде утре?“

„Утре не постои“, гласел одговорот на Ошо. „Ако постои утре, вие не можете да престанете да се грижите. Утре ниокгаш не доаѓа. Тоа е процес на грижи. Не постои ни вчера. Личноста не е веќе и не е сѐ уште. Сѐ што е во наши раце, е овој момент овде и сега. И тоа е чудесно искуство. Ако нема вчера нема ни утре, во овој момент вие сте тивки, сите грижи исчезнуваат.

Сите замисли, соништа и проекции исчезнуваат. И не мора да уживате во тој момент. Таа радост се раѓа од овој момент. Но вие никогаш не сте овде, секогаш сте некаде на друго место. Никогаш не сте во „сега“ секогаш сте во “тогаш“. Сѐ е достапно, но вие сте отсутни. Јас сакам луѓето да разменуваат многу едноставни факти, не филозофија. Нешто егзистенцијално, не филозофско – бидете присутни во сегашниот момент и набљудувајте што се случува.“