Категории

Мудрост од 85-годишната продавачка на цвеќе која ќе ви го промени животот

Мудроста на 85-годишната баба на многумина ќе им го промени погледот кон животот и досегашното согледување на проблемите и грижите…

„Не можете да ги доживеете овие мои години, а да немате неволји. Годините и неволјите одат заедно“, рекла сиромашната баба (85) и и дала животна лекција на една млада жена.

На старото место, на почетокот од преминот, седела стара продавачка на цвеќе. Околу нејзините нозе биле распоредени букети свежо цвеќе на хартија од весници. Продавачката на цвеќе се смеела, а нејзиното старо лице полно со бори сјаело од некоја внатрешна радост.

Без многу размислување младата жена се свртела, избрала еден букет и ја запрашла: „Денес изгледа сте среќни?“

„Зошто да не, одговорила старицата. Се е добро, зар не?“

Била облечена во стари искинати алишта, а нејзиниот одговор ја зачудил младата жена.

„Па вие овде седите веќе со години и секогаш сте насмеани. Изгледа добро се носите со неволјите?“

„Не можете да ги доживеете овие мои години, а да немате неволји. Годините и неволјите одат заедно“, одговорила. „Но, сето тоа е како Исус и Велики петок“, а потоа престанала да говори.

„Како што?“ ја запрашала младата жена.

„Како Исус и Велики петок. Кога умрел Исус распнат на крст во петок, тоа бил најлошиот ден за него. И кога ќе се појават неволјите, секогаш се присетувам на тоа, бидејќи тогаш се помислувам што се случило со Исус три денови подоцна. Тогаш Исус станал од гробот – воскреснал од мртвите. Кога работите се движат во погрешен правец, научив да не се жалам туку да причекам 3 денови, бидејќи на крај се излегува добро.“

Младата жена се насмеала во знак на поздрав и си отишла. Со себе понела мала лекција за трпението и кога и да биде во неволја, секогаш ќе се сети на зборовите: „Дај му на Господ можност да ти помогне. Почекај 3 денови“.

 

Прегледи:
627
Објавено на:
12.03.2018