Категории

Мудрости на една Индиска мајка кои станаа вирални на социјалните мрежи

На светот навистина му требаат повеќе топли луѓе како Пунам Сапра и нејзиниот син Пранав. Особено во 2020.

Заедно, ова дуо од Индија го водат Инстаграм профилот ‘Mother With Sign’ (мајка со знак). Тие ставаат слики каде што Пунам држи знаци со убави мајчини совети за добар, здрав и среќен живот.

Ја започнале страницата пред 8 месеци и од тогаш имаат 108 илјади следбеници. Нивната содржина е универзална, бидејќи светот е полн со мајки кои даваат убави совети и со луѓе на кои им се потребни овие совети.

-Мојот син Пранав ја доби идеата и рече дека би било забавно. Тој рече дека сечии родители даваат совети, но децата не слушаат и дури подоцна во животот сфаќаат дека требало да слишаат. Јас бев скептична на почеток, но потоа се согласив. Првите неколку објави беа споделувани на големо. Сите се поврзуваат и се согласуваат со овие пораки – вика Пунам. Таа исто така додава дека нивната страница нема некоја особена цел, освен тоа да насмее што е можно повеќе луѓе.

-Веројатно луѓето го сакаат она што доаѓа директно од срцето. Мојот син и јас се обидуваме да ја чуваме содржината едноставна и лесна, бидејќи 2020 е тешка за сите. Сакам младите да го видат светот низ перспективата на возрасните, и обратно.“

Ова се дел од нивните пораки:

Во едноставни црти – сите живи суштества заслужуваат еднаква почит.
Mother-With-Sign-Poonam-Sapra

Во ред е ако не можеш да го зготвиш правилно првиот пат. Во ред е ако не можеш да го зготвиш правилно и вториот пат. Само гледај третиот пат да готвиш само за себеси!

Mother-With-Sign-Poonam-Sapra

Нормализирајте некогаш родителите да се однесуваат како деца. Нормализирајте девојки кои не знаат да готват. Нормализирајте отворен разговор со родителите. Нормализирајте моменти на слабост.
Mother-With-Sign-Poonam-Sapra

Постојат 2 вида на луѓе. Првите – ќе бидете многу среќни кога ќе ги сретнете. Вторите – ќе бидете среќни кога ќе заминат. Одлучете кои сакате да бидете.
Mother-With-Sign-Poonam-Sapra

Ѕвони ѝ на мајка ти.
Mother-With-Sign-Poonam-Sapra

Во ред е ако родителите не ги разбираат смартфоните. Имало време во кое што ти не си знаел како да одиш и тие ти помогнале.
Mother-With-Sign-Poonam-Sapra

Никому не давај му го далечинскиот управувач за твоите емоции.
Mother-With-Sign-Poonam-Sapra

Уникатни сте. Не заборавајте го тоа додека се обидувате да се вклопите.
Mother-With-Sign-Poonam-Sapra

ИСПРАВИ СЕ. Заради тоа имаш болки во грбот.
Mother-With-Sign-Poonam-Sapra

Сликај си ја храната, но сети се да ги измиеш рацете пред да јадеш.
Mother-With-Sign-Poonam-Sapra

 

 

Прегледи:
573
Објавено на:
07.09.2020