Категории

Мудрости за мислите и начинот на размислување!

На почетокот сите мисли се насочени кон љубовта. Подоцна целата љубов е насочена кон мислите. – Алберт Ајнштајн

Секој има глупави мисли. Само мудриот знае да ги премолчи. – Вилхем Буш

Кој не размислува на свој начин- тој воопшто и не размислува. – Оскар Вајлд

Размислувањето е разговор со самиот себе. – Емануел Кант

Ако човекот не го менува своето размислување или е многу мудар или пак будала. – кинеска поговорка

Три патишта водат до мудроста : размислувањето- тоа е најплеменито, воспитувањето- тоа е најлесно, искуството- тоа е најнезгодно. –Конфучие

Моралниот ред неможе со сила да се воведе. – Стефан Цвајг

Прегледи:
1562
Објавено на:
27.02.2019