Категории

Муслиманите го прославуваат Рамазан Бајрам

Денес, муслиманите го слават верскиот празник Рамазан Бајрам, а за сите граѓани е неработен ден.

Утринската Бајрам Намаз молитва го одбележа завршувањето на светиот месец Рамазан и најголемиот симбол едномесечниот пост. Денови кога од храна и пијалоци од зора до зајдисонце се воздржуваа од храна и пијалоци. Постот преставува „принудна сиромаштија“ со цел да се вопостави еднаквост помеѓу луѓето со одбивање на храна, пијалоци и телесни задоволства. Во текот на рамазнаскиот пост верниците се обврзани да даваат милостина на сиромашните. Милостината се дава пред утринскиот Бајрам намаз, а ако не се направи на овој ден обврската мора да се заврши во текот на годината.

По утринската молитва верниците одат нагости младите одат кај постарите. Празниците се најубави највесели за децата. Нивниот весел џагор и среќа ги најавуваат гостите кои пристигнуваат. За возрасните овој ден е голем кога семејството и фамилијата ја следат и ја пренесуваат верата и вековно старата традиција.

Рамазан е деветиот месец во исламскиот календар и месец на почетокот на објавата на светата книга Куранот.