На 12. и 13. октомври со почеток во 11 часот, на терените на коњичкиот центар Хиподром, ќе се одржи вториот по ред меморијален куп, Др. Јосиф Наумовски.
На меѓународниот турнир во прескокнување пречки ќе учествуваат гости и натпреварувачи од Бугарија, Србија, Албанија, Хрватска, Турција, Романија, Словенија и Грција. Ќе настапат околу 50-60 натпреварувачи. Ова е втора година за ред како се организира овој турнир. Минатата година се воведе меморијален куп натпревар во чест на доајенот на коњичкиот спорт, Др. Јосиф Наумовски. Најголемата поддршка и организатор на овој турнир е К.К.С Илинден.
Со цел подигање на нивото и квалитетот, како на натпреварите, така и на организацијата, поканети се судии со меѓународна судиска лиценца, како и меѓународно сертифициран уредувач на паркурите.
Програмата на турнирот опфаќа вкупно 6 натпревари, по 3 натпревари дневно. Турниорот ќе биде медиумски покриен од повеќе ТВ станици. Доколку има техничка можност ќе се врши и директен пренос, но во секој случај ќе се емитува репортажа од турнирот.
Овозможете си и вие едно поинакво искуство и уживајте во дводневниот меѓународен турнир во коњичкиот центар Хиподром!