Категории

На 16. декември специјалната олимпијада Македонија ве кани на турнир за лица со нетипичен развој. Да ги поддржиме!

На 16. декември со почеток во 10 часот во СЦ Борис Трајковски ќе се одржи специјалната олимпијада за лица со нетипичен развој.

Специјална олимпијада Македонија ве кани на турнир во кошарка, 3 х 3 и Мини басакет за лица со нетипичен развој. Турнирот се организира по повод Европска кошаркарска недела која веќе по 15-ти пат се одржува низ 35 земји во Европа.

Специјална Олимпијада Македонија е посветена на потикнување, развој и зајакнување на лицата со посебни потреби преку спорт и спортски активности за да станат продуктивни и почитувани членови на општеството. Преку својата програма промовира иницијативи во здравствената и јавната сфера како и социјална инклузија на лицата со посебни потреби.
Пријавените екипи, интензивно тренираат, поддржете ги и заеднички да навиваме, да ги бодриме баскетџиите и да се забавуваме! Линкот од настанот може да го погледнете ТУКА!