Категории

На 18. и 19. јули ќе се одржи „Кино на отворено“ во Градскиот Парк со богата филмска програма!

Во склоп на Summerland 2019, МКЦ и кино Милениум организираат бесплатни филмски вечери во Градскиот Парк на 18. и 19. јули!

Во четврток, 18. јули во 21 часот на репертоарот ќе се најде македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, а љубителите на филмската уметност ќе може бесплатно да уживаат во проекцијата на овој филм под отворено небо.

Веќе следниот ден, во почеток со 21.30 часот во Градскиот Парк ќе се емитува филмот „Џган“.

За уште подобра и поудобна атмосфера, обезбедени се bean bags/lotus chairs за посетителите, а можете да си понесете камперски столчиња, ќебенце за покривање, храна, пијалаци…

Се гледаме во парк!