Категории

На 19-ти мај се одржува третиот Меѓународен Стрит Воркаут натпревар организиран од Стрит Воркаут Клубот Бар Гладијаторс

На 19-ти мај, со почеток во 10 часот, во Куманово за прв пат на Градскиот Плоштад ќе се одржи третиот по ред Меѓународен Стрит Воркаут натпревар, организиран од Стрит Воркаут Клубот Бар Гладијаторс.

Учесниците ќе можат да се пријават во дисциплините Фристајл (Freestyle), Weighted Sets&Reps, женска категорија склекови, Bodyweight згибови и пропаѓања и дисциплина која се воведува за прв пат на Балканот, One Rep Max.
На натпреварот ќе има натпреварувачи во машка и женска конкуренција од цела Македонија, соседна Србија, а веќе има најавени учесници дури и од Катар.

Посетете го Градскиот Плоштад во Куманово и со збогатете го овој меѓународен турнир со вашето присуство, а во исто време уживајте во акробациите и умешноста на натпреварувачите.

Прегледи:
478
Објавено на:
13.04.2018