Црвен крст на град Скопје во соработка со Општина Центар – Скопје на 4 декември (среда) во 11 часот свечено ќе го отвори Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “ПРОЛЕТ” на ул. Пролет бр. 39 во оштина Центар.
На отворањето на центарот ќе присутвуваат и градоначалник на град Скопје г. Петре Шилегов, градаоначалиник на општина Центар г. Саша Богдановиќ, а свое обраќање ќе има и секретарот на Црвен крст на град Скопје г-ѓа Сузана Т.Пауновска.
Дневниот Центар преку организирање на креативни работилници и едукации ќе има за цел социјализација и интеграција на лицата со интелектуална попреченост во општеството. Работното време на Дневниот Центар ќе биде секој работен ден од понеделник до петок од 08 до 16 часот.