Категории

На 4-ти септември Мајка Тереза ќе стане светица

Папата Францис во вторникот објави дека мајка Тереза ќе биде прогласена за светица на церемонија на 4-ти септември.

Мајка Тереза е позната по својот живот поминат во служба на сиромашните, градење сиропиталишта, домови за деца без родители, народни кујни и клиники низ светот.

Папата  го расчисти патот за нејзино прогласување за светица во декември, со потпишување на декретот за канонизирање. Ватикан ја прогласи за заслужна во 2008-ма година за лекување на маж од Бразил кој боледувал од тумор на мозок.

Прв чекор кон прогласување на светица беше во 2002-ра година кога Мајка Тереза за прв пат беше прогласена за заслужна за лекување на бенгалска жена која боледувала од туберколоза и рак.

Мајка Тереза е етничка Албанка, родена во Скопје 1910 година и  поголемиот дел од својот живот го минала во Индија каде основала  верска заедница наречена Мисионери на љубовта. Починала во Индија во 1997 година. Добитничка е на Нобелова награда за мир и е обожувана меѓународна личност.

Прегледи:
391
Објавено на:
16.03.2016