Категории

На 7. февруари ќе се одржи Меѓународната манифестација Ноќ на идеите во Скопје

Францускиот институт во Скопје има чест да ве извести дека в ПЕТОК, 7 ФЕВРУАРИ 2020 ГОДИНА, ВО 18 ЧАСОТ, ВО EUROPE HOUSE SKOPJE, ЌЕ СЕ ОДРЖИ МЕЃУНАРОДНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА НОЌ НА ИДЕИТЕ ВО СКОПЈЕ.


Ноќта на идеите е традиционален настан, којшто се организира под покровителство на француското Министерство за надворешни работи и мрежата на Француски институти ширум светот, а годинава главната тема се КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ И НЕЈЗИНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ВРЗ ЖИВОТОТ НА ЛУЃЕТО И БИОДИВЕРЗИТЕТОТ.

Учесници на дебатата ќе бидат:

– Г-ДИН РОШ ДОМЕРЕГО, специјалист за апитерапија и автор на бројни дела, со излагање на тема: „Пчелите, чувари на живиот свет“,

– ПРОФ. Д-Р СИЛВАНА МАНАСИЕВСКА СИМИЌ, професорка на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со излагање на тема: „Влијание на климатските промени врз биодиверзитетот и земјоделството“, и

– ПРОФ. Д-Р ТАТЈАНА МИТКОВА, професорка на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со излагање на тема: „Климатски промени – која е
улогата на почвата?“

Модератор на настанот ќе биде Г-ДИН ЕМАНУЕЛ РЕМБЕР, Директор на Францускиот институт во Скопје, а за истиот ќе има обезбедено симултан превод.

Прегледи:
491
Објавено на:
04.02.2020