Категории

На Алпите се појави крвав снег – Овој феномен ги зачуди и научниците

(ВИДЕО) Иако француските Алпи се покриени со снег во текот на зимата и пролетта, во летото снежните наслаги добиваат различни нијанси од розова до црвена крв.

Која е причината за крвавиот снег
Се верува дека цветањето на црвените микроалги е причина за сè, а истражувањата покажуваат дека слична работа се случува и на другите планински врвови ширум светот. Сепак, иако алгите се појавуваат на планините во сè поголем број, досега изгледот на нивното цветање не е најдобро објаснет.
Затоа научниците од неколку различни институти одлучија да истражат типови алги, изјави Ерик Маршал, раководител на лабораторијата за физиологија на растенијата на Универзитетот во Гренобл, објави Лајв сајанс.

Тие набљудувале алги на француските Алпи за да откријат кои видови живеат таму и што предизвикува тие да започнат да „крварат“.
Иако алгите можат да произведат големи количини кислород, од време на време тие можат да се размножуваат со толкава брзина што всушност ја нарушуваат природната рамнотежа, што доведува до црвена боја.

Бојата зависи од пигментот
Аделин Стјуарт, која работела на истражувањето за време на своите докторски студии, вели дека алгите се „основата на сите екосистеми“. Црвената, зелената, сивата или жолтата нијанса зависи од нивните пигменти и други молекули кои алгите ги користат за да се заштитат од ултравиолетовото зрачење. На прашањето што предизвикува алгите да цветаат, тие утврдиле дека човечкиот фактор исто така може решително да влијае на тоа.
Бидејќи овие нијанси апсорбираат повеќе сончева светлина, снегот се топи. Тоа, на долг рок, може да ги намали глечерите, велат научниците.

Тие зедоа примероци на почва од 5 врвови на различни висини, истражувајќи ја ДНК на алгите и беше утврдено дека еден од клучните видови на Сангвин сака да расте на надморска височина од скоро 2.000 метри.

Прегледи:
613
Објавено на:
19.06.2021