Пиштоли направени од метеорит стар 4.5 милијарди години се продаваат на аукција.
Два пиштоли кои се направени од метеорит стар 4.5 милијарди години, би можеле да достигнат цена од 1.5 милиони долари на аукција која ќе се одржи во текот на Јули.
Пиштолите се конструирани од делови од метеорит кој во 1906 година е откриен во Шведска. Имаат калибар 45 и дизајнирани се во класичен стил. Се верува дека метеоритот се судрил со Земјата пред околу милион години.
Пиштолите ќе бидат понудени на продажба на 20.07. во аукциската куќа во Далас.
Производството на овие пиштоли ќе биде ново искуство бидејќи никогаш порано не се работело со такви метали.
Структурата на материјалот била невообичаена и потсетувала на камен, а при обработката се покажало како да се работи за комбинација од челик, алуминиум, јаглед и дијаманти.
По изработката пиштолите го поминале тестот на испалување на муниција и тие се целосно функционални. Меѓутоа, со оглед на проценетата цена, не се препорачува повторно да се употребуваат за таа намена.
Покрај пиштолите, на аукцијата ќе се најдат и делови од истиот метеорит.