Категории

На бездомник му фрлија монета вредна 12.000 долари

Во британскиот град Ексетер непознат минувач му оставил на бездомни колекционерска монета од 50 пени, чијашто вредност се проценува на 10.000 фунти, односно 12.000 американски долари.

Забележувајќи дека монетата е со необична форма и на неа е претставен зајак, бездомникот се обратил на полицаец позорникар сакајќи да дознае дали таа нешто вреди, пишува весникот Metro.

Со помошна паметниот телефон на чуварот на редот дознале дека бездомникот станал сопственик на една од неколкуте стотина колекционерски монети, издадени во април 2016 година по повод одбележувањето на 150-годишнината од раѓањето на познатата писателка за деца Беатрис Потер.

На седумаголните сребреници е отсликан по еден лик од бајките на Потер, зајак, гуска, верверица, волк и други, а специјалното издание беше распродадено за само осум дена.

Овие специјални кованици, кои чинеа 55 фунти на почетокот, на eBay се разменуваат за многу повисока цена. Тие се наоѓаат во оптек, но се многу ретки и најчесто се купени веќе од колекционери.

Извор: Макфакс

Прегледи:
318
Објавено на:
05.01.2017