На страниците за интернет продажба можете да најдете најразлични производи, од производи за нега на коса и кожа, ИТ опрема, мебел, па до алати за домот и градината. А, од неодамна на eBAY можете да си купите и вистински дионсаурус.
Неодамна на еBay е огласена продажба на фосил бебе Tyrannosaurus rex. Се претпоставува дека е единствен во светот, а цената изнесува 2.95 милиони долари.
Во описот се наведува: „Најверојатно единствено бебе Т-Rex во светот! Должината изнесува 4.5 метри!
Овој диносаурус бил многу опасен месојадец. Ова е ретка прилика, навистина, некогаш да погледнете бебе T-Rex..“
Се проценува дека скелетот на бебето диносаурус е стар 68 милиони долари, а пронајден е во 2013 година на приватно земјиште во Монтана. Тој станал сопственост на човекот кој го пронашол, Nanotyrannus., професионален пронаоѓач на фосили. Тој во 2017 година го позајмил фосилот на Природниот музеј во Канзас, каде фосилот бил изложен, се додека Alan Detrich не одлучил да отвори аукција.
Анализата на овој скелет била значајна за дебатата во полето на палеонтологијата околу тоа дали овој мал Tyrannosaurus е бебе или би требало посебно да се класифицира како Nanotyrannus. Таа анализа не би можела да се направи затоа што фосилот наскоро ќе биде дел од нечија приватна колекција.
Научната заедница и друштвото на палеонтолози остро го критикуваат Alan Detrich кој ќе оневозможи овој важен примерок на изумрен вид да се проучува во научни рамки, но и музејот кој ја намалил цената на фосилот, бидејќи посредува во продажбата.
Од Универзитетот во Канзас наведуваат дека не знаеле за плановите на Alan Detrich, односно дека скелетот ќе го стави на аукција.