Категории

На Фарските острови во еден ден убиени се повеќе од 1400 делфини

Ловот на делфини на Фарските Острови е остро критикуван откако во еден ден се убиени повеќе од 1400 делфини. Се верува дека се работи за „рекорден улов“.

Јато делфини било насочено во најголемиот фјорд во северниот Атлантик во неделата, сѐ до плиткиот дел на плажата Скалаботнур, каде што се делфините усмртени со ножеви. Потоа пленот е извлечен на брегот и поделен на локалното население.

На фотографиите од овој бизарен ритуал може да се види морската вода во црвена боја која ја попримила поради крвта.

Ловот на морски цицачи, примарно китови, се нарекува гринд или традиција која се практикува стотици години на далечните Фарски острови. Владата тврди дека секоја година лови околу 600 пилот китови, додека бројот на уловени делфини е многу помал. Минатата година биле уловени 35 делфини, а предминатата 10.

Оние кои ја поддржуваат оваа традиција тврдат дека ловот на китови е одржлив начин за собирање храна од природата и важен дел за нивниот културен идентитет. Од друга страна, активистите кои се борат за заштита на животните не се сложуваат и убивањето на китовите го нарекуваат грубо и непотребно.

И овој пат се собрале група активисти кои ги обиколиле ловците и го осудиле убивањето на делфини.

Прегледи:
760
Објавено на:
15.09.2021