Освен со туширање, организмот може да се разлади со туширање и внесување течности, но не студени зашто тие го затоплуваат организмот кој дополнително троши енергија, советува примариус доктор Амра Башиќ-Живадиновиќ.
Тој потенцира дека топлотниот удар и сончаниците се сериозни состојби кај кои неопходно е да се побара помош од лекар. Докторката истакнува дека лице во таква состојба прво треба да се сокрие во ладовина и што побрзо да се однесе на лекар.
За да се избегнат последиците од високите температури, треба да се носи памучна облека, да се заштити главата, да не се прејадуваме, да не се јаде масна храна и физичката активност да се намали на минимум.
„Кај високите температури доаѓа до проширување на крвните садови и паѓа крвниот притисок, па сите мора да внимаваат и здравите и болните“, потенцира примариус доктор Амра Башиќ-Живадиновиќ.
Извор: Макфакс